„Супер Скопје“ следниот викенд на Боемска улица со Тамбураши и Љубојна


Со настапот на Тамара Тодевска, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе синоќа, на улицата Македонија заврши третиот викенд од големата летна забава „Супер Скопје“.  Во петокот пред скопјани настапија и Ди Џеј Дела (DJ Dela), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева.

Super-Skopje-ulica-Makedonija-2-vecer-7-701x466

Следниот викенд „Супер Скопје“ се префрла на Боемска улица во Дебар Маало каде на 8 септември ќе настапат  Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин, а на 9 септември Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар.

Главен организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“.

Со одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час.


Skopje ID

Коментирај