Суарез „полудел“ и побара пенал затоа што голманот играл со рака

Репрезентацијата на Уругвај со минимални 1:0 славеше против Чиле во дербито од последното коло во групата Ц на Копа Америка.

Единствениот погодок на средбата го постигна Единсон Кавани во 82. минута, па Уругвај на крајот заврши на првата позиција и за противник во четвртфиналето ќе ја има репрезентацијата на Перу. За разлика од нив, Чиле доби далеку потежок противник и во четвртфиналната фаза ќе налета на Колумбија.

Сепак, она што го привлече вниманието од вчерашниот натпревар беше еден смешен момент во кој се најде Луис Суарез. Фудбалерот на Барселона се најде во изгледна прилика, биеше конголот, но противничкиот голман го одбрани неговиот удар.

Многумина зачуди реакцијата на Суарез кој веднаш побара да биде досуден пенал за својата селекција, не размислувајќи дека тоа е голманот на Чиле. Набргу сфати што направил, но беше доцна, па сега 32 годишниот Суарез е вирален хит на социјалните мрежи.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »