СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО ДА СЕ ОДРЖИ НА 30 СЕПТЕМВРИ


Собранието вчера ја изгласа одлуката за распишување референдум за името, што ќе се одржи на 30 септември, но во гласањето не учествуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои претходно ја напуштија салата.

IMG_20180730_162244-1024x640

  • 68 пратеници ја поддржа одлуката за распишување референдум.
  • На референдумот ќе се одговара на прашањето „Дали сте за членство во Европската Унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името помеѓу Македонија и Грција“.
  • Според договорот потпишан на 17 јуни во селото Псарадес (Нивици) на грчката страна на Преспанското Езеро, името на земјата ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, јазикот – македонски, а националноста – македонска.
  • Референдумот ќе има консултативен карактер, но резултатот ќе биде обврзувачки за сите.
  • Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето ја напуштија собраниската сала и не беа присутни да ги образложат двата амандмани што ги поднесоа.
  • Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека референдумското прашање е манипулативно и има повеќеслојно значење и, како што кажа генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, власта на тој начин сака да ја изигра волјата на народот.
  • Тој не даде конкретен одговор дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира референдумот и рече дека за тоа деновиве ќе одлучат партиските органи.


Skopje ID
[fbcomments]