Скопје Сити Мол наскоро го прославува својот 6ти роденден


Скопје Сити Мол наскоро го слави својот 6ти роденден. Скопје Сити Мол е првиот современ трговски центар во Македонија кој има потполно нов концепт во изминатите години и кој успеа да ги обедини шопингот, забавата и дружењето.

20180927112557

Како најголем центар од ваков карактер во регионот, Skopje City Mall за овие 6 години постоење, направи револуција во шопинг искуството и прерасна во едно од најпрепознатливите обележја на модерно Скопје. Со својата уникатност, подеднакво и во понудата и во дизајнот, овој трговски центар привлекува посетители од целата држава и регионот нудејќи им неповторливо искуство преку една нова димензија на шопингот и со својата богата понуда да ги задоволи нивните префинети вкусови.

Изминатата година за Скопје Сити Мол беше доста успешна. Успеаа да изградат нови успеси и да ги надоградат веќе постоечките. Раководните лица успеаа да донесат нови брендови кои што со нетрпение беа очекувани од јавноста и доста се шпекулираше за нив.

Изминатата година беше навистина успешна” – изјави Олга Дервенџи, раководител на службата за лизинг на простор. Успеавме да донесеме неколку големи брендови кои со нетрпение ги очекуваа нашите посетители. Измината година во Скопје Сити Мол отворивме официјална продавница на Levi’s, Replay, SuperDry, отворивме мултибренд продавница со најроменираните женски брендови во светот како Michael Kors, Furla, Karl Lagerfield, Emporio Armani, Aramani Exchange, JOOP, Versace. Во делот на исхраната го збогативме фудкортот со KFCсветски лидер во брзата храна. Интересот е голем, и брендовите буквално се борат да влезат во Скопје Сити Мол. Годишно имаме околу 200 барања од брендови. Она што е важно е дека се трудиме секогаш да ги слушаме нашите посетители и максимално да ги задоволиме нивните барања, колку што можеме нормално” – додаде Олга Дервенџи.

Посетителите како главен мотив за Скопје Сити Мол, нивната забава и уживање биле приоритет.

Во последните 365 денаспоред бројките кои ги имаме и располагаме, можеме слободно да кажеме дека Скопје Сити Мол претставува голем двигател врз основа на многу аспекти. Како и секогаш така и изминатат година се организираа голем број на активности како Black Friday,која буквално успеа да го наполни молот во рекорден број, организиравме голем број на забави по повод Новогодишните празници, Back 2 School кампањата, Late Night Shopping, Summer Sale, и многу други настани. Нашите посетители и закупци се нашата најголема грижа и приоритет и токму затоа како и до сега, ќе се трудиме на највисоко ниво да организираме настани за нив. А, следен таков е роденденската забава, каде ќе има многу изненадувања кои наскоро ќе ги објавиме.” – изјави Дамјан Корубин, од маркетинг тимот во Скопје Сити Мол.

Скопје Сити Мол официјално го слави роденденот на 04.10, но оваа година забавата ќе биде на 06.10 (сабота)и07.10 (недела) , а очекувањата и деталите ќе бидат објавени наскоро.


Skopje ID
[fbcomments]