Симпсонови ја продолжуваат серијата на неверојатни предвидувања(ВИДЕО)


Анимираната серија “Симпсонови” продолжи со низата бизарни прогнози на настаните.

simpsons

Откако успеаа да предвидат дека Трамп ќе стане претседател на Америка, појавување на паметен часовник, скандалот на ФИФА, економската криза во Грција и појавата на Лејди Гага во Супер Бол, се појави уште една сцена од серијата за животот на семејството Симпсонови.

Најновиот случај е легализацијата на канабисот во Канада, што Симпсонови го предвиделе во 2005 година во епизодата “Midnight Rx saw”.

Во епизодата стара 13 години, Нед, Хомер и Апу патуваат во Винипег, Канада, за да најдат лекови на рецепт. Додека во аптеката ги земаат потребните медикаменти, на Нед Фландерс му приоѓа неговиот двојник од Канада и му нуди џоинт.

“Земи го, ова тука е легално”, рече канадскиот Нед.



Skopje ID
[fbcomments]