Се чисти планината Еверест


Пред неколку недели група Шерпаси се собра пред колибата на Буда во малото непалско гратче, во подножјето на Монт Еверест. Големите платнени вреќи полни со отпадоци тие ги товареа во авион.

***EXCLUSIVE*** MOUNT EVEREST, NEPAL - JUNE 2012: Volunteers collect rubbish discarded by climbers on the face of Mount Everest. IT IS Earth's highest peak, but now Mount Everest is in danger of becoming the world's largest rubbish tip. The mountain - which is referred to by the Tibetan's as Chomolungma, Holy Mother in English - has long been tarnished by the waste left by advancing climbers. Many too tired to haul their hefty gear back down the 8,848m peak simply discard it. But a team of volunteers are slowly beginning to change that - restoring the natural wonder to its former glory. In a recent trip they collected and carried down to base camp 1.957 tons of rubbish littering the face of the mountain., Image: 162176874, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Barcroft Media

Бројот на планинари во околината на Еверест постојано се зголемува, а со тоа и отпадот – празни шишиња од пиво Туборг, конзерви храна, скинати шатори, празни боци за кислород. Организаторите на државната кампања за чистење се обидуваат да соберат и да рециклираат повеќе од 90 000 килограми отпад во оваа област и тоа е еден од досега најамбициозните проекти на владата на Непал.

„Ѓубрето стана проблем“, вели Далама Шерпа, претседателка на локалната женска активистичка група и додава дека проектот делумно треба и да „ја спаси славата на Еверест“.

Непал презел неколку чекори за намалување на отпадот во областа Кумбу, во која се наоѓа и Еверест, највисокиот планински врв во светот. Министерството за туризам, уште во 2014 година пропишало дека секој што ќе се качи на планината, мора да се врати со дополнителни осум килограми отпад.

Но, ова правило не се почитува и власта никако не може да најде решение за проблемот. Секоја година, илјадници луѓе проаѓа по стрмните патеки до Јужниот базен камп, кој се наоѓа на висина од 5000 метри надморска височина. Пролетната сезона за планинарите трае од крајот на април до крајот на мај.

Собирањето на отпадот подразбира денови одење пеш. Носачите и јаковите го носат отпадот на грб од повеќе села што се наоѓаат во кампот и кои, од гратчето Лукла, се оддалечени една недела одење.

Умеш Чандра Раи, извршен директор на Јети ерлајнс, локалниот оператор, вели дека планот е до крајот на годината 90 000 килограми отпад да се пренесе до главниот град, Катманду каде што ќе биде рециклиран. Досега се собрани околу 10 000 килограми. Покрај планинарските патеки се наоѓаат 16 места за фрлање отпадоци, 46 канти и три тоалети.

„Порано опремата за отпад беше направена од пластика па јаковите ги уништуваа, сега инсталиравме канти за ѓубре од камен и цинк“, кажува Ним Џорџи Шерпа, претставник на локалната власт.

Предизвикот на пренесување на материјалот е толку голем што понекогаш телата на носачите што умреле на планината се оставаат таму каде што се. „Тешко е заради законот а не од логистички или технички причини. Не може да ги погребаме или да кремираме умрените без согласност“, објаснува претставникот на службата што ја одржува околината на планината.

Додека ги фрлаат вреќите отпад во карго авионот, жителите велат дека фрлањето ѓубре по планината веќе нема да се толерира. „Туристите не ги почитуаваат нашите правила, време е да почне да се применува законот“, велат тие.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »