Се продава вилата на Синатра во Малибу


Во 1992-ра година, пејачот и актер Френк Синатра и неговата четврта сопруга Барбара, изградиле имот со поглед на океанот, заедно со архитектот Тед Гренцбах, кој исто така создавал домови и за други познати личности во тоа време, како Џони Карсон, Барбара Страјсенд…

LTgYD-1544444854-sinatra

Соодветно именуваната „Sinatra Beach House“, со своите 12 метри приватна плажа во една од најскапите делови во Америка, сега е достапна за купување. Со површина од околу 550 метри квадратни, двоспратната куќа има седум спални соби, девет купатила и дизајн од отворен концепт. Како и останатите имоти во Малибу, оваа вила има панорамски поглед кон океанот и плажата.

Синатра останал запаметен како легендарен забавувач, па логично е неговиот дом да ги има сите неопходни елементи за организирање на забави. Има голем бар, до кој може да се дојде од ентериерот од едната страна, односно преку дворот кој гледа кон океанот, од другата страна, во случај гостите да сакаат да уживаат во својата пијачка и погледот кон океанот истовремено.

Соберете се околу каминот во дневната соба или прошетајте до дворот за да ја почувствувате енергијата на океанот преку ветерот кој постојано дува. Опуштете се во базенот кој се наоѓа во затворениот дел на овој дом, и е опкружен со зелени дрвја.

Синатра и неговата сопруга, редовно им биле домаќини на своите пријатели, вклучувајќи ги и Григориј Пик, Дик ван Дајк и Џек Лемон, така што сигурни сме дека и новите сопственици можат да одат по истата патека, благодарение на изобилството на опции кои оваа вила ги нуди.

Таа исто така нуди изобилство од простор за релаксација. Раскошниот мастер апартман има машки и женски бањи и гардеробер, фризерски салон и сауна, додека луксузниот апартман за гостите гледа кон базенот во дворот.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »