Се одржаа петтите средношколски игри во Скопје


Под слоганот „Заедно во природа“ на Средно Водно се одржа петтото издание на манифестацијата „Средношколски игри 2018“.

SI-2018

Манифестацијата вклучи различни натпревари во крос, во знаење, во уметнички вештини-цртање и фотографирање, креативно пишување, зелени игри, забава… со цел да се подигне свеста кај средношколците за потребата од нивни редовен престој на отворен простор заради подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје.

На еднодневните игри учествуваа околу 300 учесници од 15 средни училишта од Скопје.

Манифестацијата се одржа во организација на ЗГ „Сфера“ со поддршка на Град Скопје.


Skopje ID
[fbcomments]