Седницата за законот за јазици одложена, за „Господ знае“ кога

Претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи продолжението на 32. седница на која на дневен ред беа над 35.000 амандмани за Законот за јазиците, откако почетокот на седницата се одложуваше во текот на целиот ден.

Седницата ќе биде дополнително закажана, но не се знае за кога, како што нема ни официјални информации за тоа зошто е одложено продолжението.

Од Собранието попладнево информираа само дека 32. и 11. седница нема да се одржат денеска, а за нивното продолжение ќе има дополнително известување.

Во текот на целиот ден имаше комуникација помеѓу претседателот на Собранието и пратеничките групи, но не е постигнат договор. Опозиоциските пратеници, пак, не присуствуваа на координацијата кај Џафери.

Првично седницата беше закажана за во 12 часот, па беше презакажана за во 15 часот. Но, во 15 часот во собраниската сала се појави единствено пратеникот Амди Бајрам. Тој, како што пишува Макфакс, заспал, чекајќи ја седницата за законот за јазиците.

Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кусо се појави во пленарната сала, но не знаеше дали денеска ќе има расправа за амандманите за законот за јазиците. На прашањето на новинарите дали ќе има седница, Димовски само кусо одговорил: „Господ знае“.

 


Skopje ID
[fbcomments]