Свитолина се пласираше на финалето во Сингапур

Сингапур, 27 октомври 2018 (МИА) – Украинската тенисерка Елина Свитолина се пласираше во финалето на завршиот ВТА турнир во Сингапур.

Таа во полуфиналниот натпревар беше поуспешна од холандската тенисерка Кики Бертенс и по два часа и 42 минути игра ја совлада со 7:5, 6:7 (5-7), 6:4.

Свитолина за титулата во Сингапур ќе се соочи со Слоун Стивенс.

Американската тенисерка Слоун Стивенс е втората финалистка на завршиот ВТА турнир во Сингапур.

Таа во полуфиналниот натпревар беше поуспешна од чешката тенисерка Каролина Плишкова и ја совлада со 0:6; 6:4; 6:1.

Иако Плишкова го доби првиот сет со максимални 6:0, сепак американската тенисерка успеа да се врати во игра и ги освои следните два сета.


Skopje ID
[fbcomments]