Сан Франциско има најскапо хотелско сместување во светот

Сан Франциско го има најскапото хотелско сместување во светот, покажа истражувањето на агенцијата Блумберг.

Во текот на минатата години просечната цена на ноќевање во овој град порасна за неверојатни 88 отсто, на 397 долари.

На тој начин, Сан Франциско ја претекна и Женева, која сега се наоѓа на второто место со цена за сместување од 292 долари, а третото место го зазеде Милано  со 271 долари.

Чак Пасиони, генералниот менаџер на хотелот „Мериот Маркис“ во Сан Франциско, вели дека на растот на цената главно влијаел растот на бројот на оние кои доаѓаат во деловни посети во зголемениот број технолошки компании, како и заради младите кои сакаат да ја пропатуваат Америка.

-Некои од нив сакаат и да се вработат во Силициумската долина, но место да останат во евтин хотел во предградието, бираат да отседнат во центарот и попатно да го истражат градот, објаснува Пасиони.san-francisko


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »