Санација на детските игралишта во Карпош 3 и 4

Општина Карпош спроведува санација на детските игралишта во населбите Карпош 3 и Карпош 4, а во меѓувреме работи и на изградба на нови детски игралишта во Криви Дол и Злокуќани.

– Овие населби се со најголем број на зони за рекреација на најмладите и локалната самоуправа во повеќе наврати ги санира лулашките, тобоганите, клацкалките и другите реквизити, соопштија од Општина Карпош.

Од Општината упатија апел до сите граѓани, да не ја уништуваат урбаната опрема и да водат сметка за заштита на околниот простор и животната средина. 


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »