САД ќе го уништи целото хемиско оружје до 2023 година


САД ги потврдија своите ангажмани за уништување до 2023 година на цело хемиско оружје, наследено од времето на Студената војна, изјави портпарол на американското Министерство за одбрана.

– Над 90 проценти од американското оружје се уништени, истакна портпаролот, додавајќи дека САД го поздравуваат потегот на Русија, која целосно го уништила своето хемиско оружје.

Русија и САД се ангажираа да ги уништат своите огромни хемиски арсенали пред 2012 година согласно Конвенцијата од 1997 година за забрана на хемиско оружје. Потоа истакнаа дека не можат да го запазат крајниот рок и утврдија нови. САД се обврзаа тоа да го направат до 2023 година, а Русија до 2020 година. Пред неколку денови Москва соопшти дека предвреме ги уништила последните парчиња од хемиското оружје.

 


Skopje ID
[fbcomments]