Руски караван за сите терени – пристигнува Lada Granta Cross

Granta Cross е најновата варијанта на поткомпактниот автомобил на Lada, наменет за купувачите кои имаат потреба своето возило повремено да го возат и на асфалтот.

Робустниот караван е опремен со додатоци на долниот дел од каросеријата, за фарбата да се заштити од ниските растенија и каменчиња во текот на теренското возење. 

Granta Cross е поставен на 15-инчни алуминиумски бандажи со модерен дизајн, во сребрено-сива двобојна комбинација која на автомобилот му дава атрактивен изглед.

Овој модел стандардно се испорачува со клима уред и кровни шини. Новиот “крос” караван на Lada, за погон користи 1,6-литарски атмосферски бензинец во верзии со 87 или 106 коњски сили. Базичниот модел е опремен со 5-брзински мануелен менувач, додека помоќната верзија ќе биде достапна со автоматик.

AvtoVAZ најавил дека продажбата на моделот Lada Grant Cross ќе започне во текот на летото.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »