Ролс Ројс донесе одлука: Новиот џип ќе го носи името на најпознатиот дијамант


Производителот на суперлускузни автомобили од Велика Британија сепак одлучи да го задржи кодното име “Cullinan” кое што за својот “SUV” го користеше за време на развојната фаза.

zizkW-rols-rojs-dzip-ime

Уште во декември Ролс Ројс беше во дилема околу името на својот нов премиум модел, а сега е официјално потврдено дека продукциската верзија ќе го добие називот кој што циркулираше во јавноста во последната година.

Името “Cullinan” е превземено од најголемиот сиров дијамант кој што е некогаш пронајден, со најврвен квалитет. Овој дијамант е откриен во Јужна Африка во 1905-та година и има неверојатни 3,106,75 карати, односно тежи 621,35 грама.

Поради тоа, првите луѓе на Ролс Ројс сметаат дека “Cullinan” е вистинскиот избор на име на еден суперлуксузен “SUV” автомобил.

Новиот џип на Ролс Ројс е развиен со цел да ја „турне“ годишната продажба на Ролс Ројс автомобили над 5 илјади, што е за една четвртина повеќе од резултатот на компанијата остварен во 2016-та година кога ширум светот биле испорачани 4,011 возила.

Под хаубата веројатно ќе биде сместен 6,75-литарски V12 Twin-Turbo мотор со 571 коњски сили и максимален обртен момент од 900 Nm, а цената по која што ќе се продава засега не е позната.


Skopje ID

Коментирај