Ријана сними екстравагантна фотосесија за „Вог“


Кога Ријана ќе замеша прсти во креативниот процес за создавање на едиторијал, резултатот е секогаш екстравагантен и необичен. Пример за тоа е фотосесијата за септемвриското издание на британскиот „Вог“, за која таа соработуваше со главниот уредник Едвард Енифул.

01
Во интервјуто за списанието, популарната пејачка сподели дека фановите често ја прашуваат за љубовни совети. „Често добивам прашања за момчиња. Сметам дека многу луѓе среќаваат луѓе и се состануваат со идејата за она што другата личност може да биде, а таа личност никогаш не се појавува и потоа се лути и разочарани. Една личност секогаш може да стане подобра, може да стане полоша, но мора да ја прифатиме каква што е кога сме ја сретнале.“
На прашањето зошто толку многу жени ѝ се одушевуваат за изгледот, Ријана одговори: „ОК, ја прашуваш погрешната личност. Не знам, можеби затоа што сум малку полничка сега. Не знам. Ќе се вратам во фитнес сала и се надевам дека нема да ги изгубам задникот, колковите и бутовите. Ќе ги ослабам малку. Знаете, сè доаѓа со цена. Ако сакаш да имаш задник, тогаш мораш да имаш и стомаче.“

Корицата стана хит и наиде на многу позитивни коментари низ целиот моден свет.

02

03

04

05

06

07

08


Skopje ID
[fbcomments]