Ријана е сè уште во врска со арапскиот милијардер, заљубени се повеќе од претходно!

Популарната пејачка Ријана е и понатаму во врска со арапскиот милијардер Хасан Џамил, а новите фотографии кои настанале во Италија се доказ дека тие не ја прекинале романсата.

Иако се шпекулираше и во какви односи е Ријана со неговото семејство, со овој одмор парот ги демантирал сите злобни коментари. Ријана и Хасан уживале со неговото семејство на луксузна јахта. 

Пред посетата на Капри, пејачката, нејзиниот избраник и неговото семејство биле во Наполи, а уживале и во ресторанот “Lo Scoglio” во Нерано, каде биле и фотографирани.

Парот со ова патување ја прославил двегодишната врска, а фотографијата на која тие двајца нежно се гледаат и смешкаат ги воодушеви фановите на Ријана ширум светот.

Инаку, Хасан моментално се наоѓа на местото заменик претседател и потпретседател на семејната компанија “Abdul Latif Jameel” која важи за една од најголемите компании во светот. Богатството на семејството на Џамил се проценува на 1,5 милијарда долари, а истото го стекнале благодарение на договорот на нивната компанија за право на дистрибуција на автомобилите на “Toyota” во Саудиска Арабија.

За потсетување, во јули 2018 година, Ријана и Хасан беа фотографирани како жестоко се расправаат, што беше и една од причините за шпекулациите за прекин на врската.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »