Ривер-Бока на „Бернабеу“, познато и под какви услови ќе се игра Суперкласико!


Тоа што на големо се шпекулираше во текот на вчершаниот ден, доби официјална потврда точно на полноќ, откако првиот човек на КОНМЕБОЛ и дефинитивно соопшти дека големото Суперкласико дерби меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се игра на „Санатијаго Бернабеу“.

river-boka-bernabeu

Големите немири пред дуелот на „Монументал“ ги натераа одговорните луѓе во фудбалска Јужна Америка да го префрлат големото финале во Копа Либертадорес надвор од границите на Аргентина, а иако во изминативе два дена се споменуваа Венецуела, Мајами и Катар како најреални опции, на крајот се случи голем пресврт.

Првиот човек на КОНМЕБОЛ откри дека клучен бил првичниот разговор кој го имал со Флорентино Перез, претседателот на Реал кој експресно дал зелено светло за организирање на спектакуларен натпревар од ваков карактер, без разлика на опасноста која го носи ривалството на двата клуба.

За разлика од предвидениот натпревар на „Монументал“ каде предвидено беше да има само навивачи на Ривер, на натпреварот кој ќе се одигра на 9 декември во 20:30 часот ќе има навивачи и на едниот и на другиот тим.

– Изборот на администрацијата на КОНМЕБОЛ е дека натпреварот меѓу Ривер и Бока ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ со присуство на двете навивачки групи. Натпреварот ќе се одигра на 9 декември во 20:30 часот. Се започна со еден разговор со Флорентино Перез. Тој во две минути ми образожи дека „Бернабеу“ стои на располагање, а потоа сфативме дека тоа е најсигурна опција, – порача претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез.


Skopje ID
[fbcomments]