Редизајнираниот Suzuki Vitara


„Suzuki“ ова лето го претстави редизајнираниот модел „Vitarа“ со нов мотор, а пред почетокот на продажбата на европскиот пазар, јапонскиот производител објави нови фотографии и технички детали од возилото.

vitara-000

Во рамките на редизајнот на половина од производниот циклус, актуелната „Vitarа“ е „освежена“ од надвор и од внатре.
Обновувањето на надворешноста на автомобилот опфаќа редизајнирана предна маска, модифициран браник, нови стоп светла и две нови бои во плетата.

Јапонскиот производител исто така ја промени инструмент таблата, која сега е централен информациски дисплеј во боја.
Покрај тоа, „Vitara“ зa 2019-та има и нови, меки материјали во ентериерот.

vitara-001

Подобрена е и моторизацијата со воведување на нов, 1.4-литарски турбо бензинец кој е превземен од моделот „Suzuki S-Cross“, a кој го менува постоечкиот 1.6-литарски агрегат.
Инаку, основната верзија ја придвижува 1.0-литарски трицилиндарски бензинец со 110 ks. Споменатата 1.4-литарска единица испорачува 140 ks и 220 Nm максимален вртежен момент достапен 1.500-4.000 o/min.

За дизел мотори засега нема никакви информации.
Погонот на „Suzuki“ – „AllGrip“ на сите 4 тркала на располагање е во двете верзии на моторот.

vitara-002

Според фабричките податоци, најштедливиот модел со 1.0-литарски турбо бензинец, погон на предните тркала и мануелен менувач просечно троши 5,3 l/100 km и емитува 121 g CO2/km.
„Vitara“ е подобрена и во поглед на безбедносните систем за асистенција. Па така системот „Radar Brake Support“ (RBS) од претходната верзија во овој модел е заменет со современиот „Dual Sensor Brake Support“ (DSBS).

vitara-003

Додека „RBS“ е потпираше во работа само на радар, „DSBS“ користи и специјална камера, како и ласерски радар (MFL). Новиот систем доби и функција за детекција на пешаците на патот, а покрај тоа вклучува и спречување на непосакувано напуштање на сообраќајната лента по која возилото се движи, функција за читање на сообраќајните знаци, детектирање и предупредување на други возила во мртвиот агол кои се наоѓаат на страните, зад автомобилот.

vitara-005

„Vitara“ зa 2019-та веќе е достапна на некои пазари во Европа, а во Германија се продава по цена од 18.650 eвра.



Skopje ID
[fbcomments]