Редизајнираниот Ford Ranger зa 2019-та

„Ford“ објави фотографии и технички детали од редизајнираниот „Ranger“ за европскиот пазар. Покрај минимално променетиот дизајн, пикапот доби и нов дизел мотор, како и нов автоматски менувач.

Европскиот „Ranger“ зa 2019-та незначително се разликува од актуелната верзија, а промените главно сведуваат на ситни козметички интервенции на светлата за магла сместениво предниот браник, додека маската е обновена во пакетот „Wildtrak“.

Внатрешноста е практични недопрена, освен што купувачите ќе добијат на располагање нови дезени на навлаките, вклучувајќи кожен пакет во поскапите верзии.

Многу важни промени се случија под површината на возилото.

„Ford Ranger“ зa 2019-та доби нов 2.0-литарски дизел мотор до семејството „EcoBlue“. Во зависност од пазарите, овој агрегат ќе биде достапен со 130, 170 или 210 ks.

Првите две опции имаат по еден турбо полнач и ќе го заменат 2.2-литарскиот „TDCi“, додека најмоќната верзија е заснована на „twin-turbo“ технологија и претставува замена за 3.2-литарскиот „TDCi“ со 5 цилиндри.

На купувачите во Европа нема да им биде понуден 2.3-литарскиот „EcoBoost“ турбо бензинец кој се користи во моделот за американскиот пазар.

Сите модели на „Ford Renger“ за европскиот пазар се стандарно опремени со погон на сите четири тркала.

Moќта се пренесува со помош на 6-брзинскиот мануелен менувач, додека како опција на располагање е и 10-брзински автоматик кој е новитет во европскиот „Ranger“.

Од „Ford“ велат дека новиот автоматски менувач ќе ја намали потрошувачката на гориво за десетина проценти од однос на претходниот модел.

Производителот исто така тврди дека редизајнираниот „Ranger“ е прв пикап во Европа кој стандардно ќе има „Pre-Collision Assist“ систем за спречување на судар, опремен со технологијата „Pedestrian Detection“ за забележување на пешаци на патот, како и системот „Intelligent Speed Limit“.

„Ford Ranger“ зa 2019-та пристигнува и со системот за безконтактно отклучување и стартување на моторот, додека бравата на вратничката од товарниот простор конечно е интегрирана во системот за централно заклучување.

Редизајнираниот модел ќе се појави во продажните салони ширум Европа во средината на оваа година.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »