Рег Е. Кети од „Куќа од карти“ ја изгуби битката со ракот


Американскиот актер Рег Е. Кети, ѕвездата на серијата „Куќа од карти“, во која го играше ликот Фреди почина на 60-годишна возраст.

reg-e-cathey-600x345

Актерот, како што пренесоа светските медиуми, боледувал од рак на белите дробови.

Рег, помеѓу другото, играл и во одличните серии како што се „Оз“, „Закон и ред“, „Грим“, „Жица“ и други.

Рег во 2015 година ја освои престижната награда „Еми“, и тоа токму за улогата на сопственикот на ресторан Фреди Хејс во „Куќа од карти“, а благодарение на таа улога уште три пати беше номиниран за наградата.

Многубројни колеги на социјалните мрежи се простуваат од Рег, а меѓу нив е и славниот Самуел Л. Џексон.

„Скршен сум од губитокот на Рег. Брилијантен актер, хуморист и пријател! Незаменлив“, напишал Џексон.

Најпознати филмови во кои Рег играл се „Маска“, „Седум“, „Фантастичната четворка“ и Америсканскиот „психо“.


Skopje ID

Коментирај