Реал Мадрид плаќа 180 милиони евра за еден од најголемите светски таленти

Реал Мадрид се подготвува за пеколно лето на трансфер-пазарот. Јасно е дека на тимот му е потребна реконструкција по очајната сезона, па Зинедин Зидан ќе има барем половина милијарда евра да го создаде тимот по свој вкус. 

Еден Азар е едно од најсигурните засилувања, но сега „кралевите“ бараат крилен напаѓач кој игра по десната страна за да го замени Герет Бејл. Деновите на Велшанецот во Мадрид се избројани, а како негова замена Зидан го сака младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Англичанецот експлодираше во составот на бундеслигашот откако во 2017 година пристигна од редовите на Манчестер сити. Реал Мадрид е подготвен да плати дури 180 милиони евра за фудбалерот кој изминатава сезона зад своето име има 12 голови и 18 асистенции на 39 натпревари во сите конкуренции.

Санчо има само 19 години, а сума од 180 милиони евра е нешто што Борусија Дортмунд сигурно нема да може да одбие. 


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »