Распродадена е „седумката“ на Роналдо


Јувентус од доаѓањето на Кристијано Роналдо продал повеќе од 300 000 дресови со неговото име. Само во првите 24 часа од трансферот биле продадени 250.000 дресови со „седумката“ на Роналдо, а до денес се продадени уште 55.000 „седумки“ со името на Роналдо.

sedumka8888

Како што пишува „Тутоспорт“, во специјализираните продавници повеќе нема дресови во продажба.

Новиот контингент ќе пристигне кон крајот на септември кога се очекува компанијата „Адидас“ да испорача доволна количина за сите заинтересирани купувачи.

Оригиналниот дрес на Јувентус за сезоната 2018/2019 се продава по цена од 104,95 евра, а оние што сакаат на дресот да ја имаат „седумката Роналдо“, мора да доплатат уште 40 евра.

Од продажбата најголем дел оди кај „Адидас“, техничкиот спонзор на клубот. Според „Тутоспорт“, Јувентус досега од продажбата на дресови со името на Португалецот има заработено 6,5 милиони евра.


Skopje ID
[fbcomments]