ПСЖ го купи Пабло Сарабија од Севилја

Засилување на средниот ред ќе биде приоритет на ПСЖ за овој преоден рок, а веќе е обезбеден и вториот трансфер за овој дел од тимот, по ангажманот на Андер Ерера од Манчестер Јунајтед. Станува збор за Пабло Сарабија, чиј потпис беше официјализиран денеска, со што беше ставен крај на повеќенеделните преговори меѓу двата клуба.

„Светците“ платија 20 милиони евра за услугите на Сарабија, кој ќе потпише петигодишен со францускиот првак. Директорот на Севилја, Мончи, се обидуваше да го убеди фудбалерот да остане и да потпише нов договор со Севилја, но понудата од Франција за плата од пет милиони евра плус бонуси беше премногу добра за да биде одбиена.

Сарабија минатата сезона ја заврши со 23 гола и 17 асистенции во сите натпреварувања, што беше доволна препорака за Тухел да сака да го доведе на „Паркот на принцовите“.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »