Протече вода од фонтаните на Скопје 2014

Фонтаните од проектот Скопје 2014 денеска беа пуштени во употреба на последниот ден од мај, откако претходно јавноста реагираше до градските власти за доцнењето со нивното повторно пуштање во функција иако одамна завршија ниските температури.

Фонтаните што се наоѓаат на плоштадот „Филип Втори“ и фонтаната на мостот „Око“ се веќе пуштени во употреба. Другите фонтани се подготвуваат за пуштање во употреба во текот на денешниот ден. ЈП „Водовод и канализација“ очекува да биде пуштена во употреба и фонтаната „Воин на Коњ“ чиј базен на Градскиот плоштад веќе е наполнет со вода.

Во моментов се санира и таканаречената фонтана прскалка и се отстрануваат железните капаци кои беа поставени поради посетата на папата Франциск.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »