Протестираат угостителите од Средно Водно поради забраната за автомобили


Сопствениците на угостителски објекти на Средно Водно излегоа на протест поради одлуката со која Град Скопје забрани движење на автомобили на Водно во текот на викендот. Тие бараат укинување на забраната, бидејќи откако е воведена тврдат дека ги загубиле гостите и се приморани се да затворат, иако работат неколку децении на оваа локација.

Водно-600x336

Потсетуваат дека се сретнале со скопскиот градоначалник Петре Шилегов уште пред четири месеци од каде добиле само ветување за изнаоѓање решение за проблемот. Исто така, посочуваат дека е испратена претставка и до Народниот правобранител бидејќи сметаат дека со мерката се кршат човековите права и слободи.

Забраната за движење на автомобили до Средно Водно за викенди и празници беше воведена кон крајот на месец ноември годинава, а во рамки на мерките против аерозагадувањето.  Забраната важи од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, во периодот од 9 до 16 часот. Движење е дозволено само на автобусите на ЈСП кои сообраќаат на овие релации.

Откако беше воведена забраната, гужвата од автомобили на паркингот на Средно Водно се пресели во Нерези, кај комплексот Македонско село. Оттука скопјани потоа пешачат кон Средно Водно, во потрага по чист воздух.


Skopje ID
[fbcomments]