Програм кој ќе ја промени филмската индустрија


Филмската индустрија би можела да се прошири во уште една област, но под услов Холивуд да го прифати новиот начин на читање на сценаријата.

MtXZL-sally-hawkins-and-doug-jones-in-the-shape-of-water

Името, старт ап компанијата “ScriptBook” планира да го промени начинот на кој сценаријата добиваат зелено светло за снимање, со тоа што од целиот процес би се отстранил човечкиот фактор. Во процесот се користи вештачка интелигенција која со помош на алгоритам ќе ги препознава добрите сценарија и ќе ги отфрла оние кои се сметаат за лоши.

Програмот кој во текот на периодот на тестирање анализирал низа сценарија за филмови кои се снимени помеѓу 2015 и 2017 година, на списокот од 62 филмови препознал 22 сценарија кои нема да доживеат успех, што врз основа на резултатите од бокс офисот се покажало како точно.

Со помош на системот, филмовите би можеле да бидат елиминирани пред да доживеат неуспех. Програмот функционира така што детално ги анализира ликовите, нивните емоции и целната група кога е во прашање публиката, и со тоа го предвидува успехот во кино-салите ширум светот.

Како што тврдат од компанијата, филмот кој ќе биде одобрен од страна на “ScriptBook” има 84 отсто шанси за успех, што е три пати повеќе од она што го нудат техниките кои го вклучуваат човечкиот фактор.


Skopje ID
[fbcomments]