Пријанка Чопра и Ник Џонас го откриле датумот на венчавката


Еден од најпознатите верени парови, Пријанка Чопра и Ник Џонас, ќе се венчаат за помалку од три недели.

hTyHE-nickpriyanka

Како што пренесува „The Sun“, парот судбоносното „Да“ ќе го каже во палатата „Umaid Bhawan“ во Јодпур, во Индија и тоа на први декември оваа година.

Извор близок на парот открил дека свадбената свеченост ќе трае неколку денови поради сите обичаи кои ги има во хиндуизамот, но дека ќе се испочитуваат и обичаите на младоженецот.

Ник ќе носи одело во боја на слоновата коска, а Пријанка ќе биде во традиционална идниска облека, во црвена боја. Деверушите ќе носат креации од Ралф Лорен, бидејќи парот кога прв пат се појавил во јавноста, бил облечен во негови креации, поточно на на „Met Gala“ минатата година.

Иако ниту Ник ниту Пријанка официјално не го потврдиле овој датум, изгледа дека свадбата ќе се одржи многу скоро, бидејќи ја прославиле ергенската и моминската вечер.

View this post on Instagram

Red, white and Bride!!! #Bachelorette

A post shared by Priyanka Chopra (@priyankachopra) on


Skopje ID
[fbcomments]