Пристигнува првата Nokia со Android 9 Pie


„Nokia 7 Plus“ наскоро ќе се приклучи на малата група уреди кои не се на „Google“, а ќе го добијат новиот оперативен систем „Android 9 Pie“.

Nokia-lineup-Android-Pie

Директорот за производство на компанијата „HMD Global“, Јухо Сарвикас на својот „Twitter“ профил го најави пристигнувањето на првиот паметен телефон на „Nokiа“ со оперативниот систем „Android 9 Pie“.

Така „Nokia 7 Plus“ ќе се придружи на малиот број уреди кои се надвор од „Google“, а го користат овој оперативен систем.

А меѓу нив се „Essential Phone“ уредите, потоа моделите на компанијата „Motorola“, како и „OnePlus 6“, кој користи модифицирана верзија на „Android 9 Pie“. Во оваа група, нормално, не спаѓаат и „Google Pixel“ паметните телефони.

Nokia-Mobile-Android-9-Pie-OS-Update-Timeline-696x348

„Android 9 Pie“ на корисниците им носи бројни функции и подобрувања. Меѓу нив се и адаптивната батерија, подобрената навигација и подобрениот систем за нотификации.

„Nokia 7 Plus“ така ќе стане првиот смартфон, надвор од семејството „Pixel“ уреди, кои ќе добијат „Digital Wellbeing“ oпции. Toа подрабира своевидна контролна табла на која се забележуваат навиките на корисникот, како и приказ на времето кое корисникот го минува користејќи одредени апликации.

„Nokia 7 Plus“ припаѓа на средната класа на пристапни паметни телефони, па се очекува неговата цена да изнесува околу 400 долари.

Според податоците на кинеската агенција за сертификација „TENAA“, телефонот има осумјадрен процесор со работен такт од 2.2GHz, како и најверојатно чипсетот „Snapdragon 710“.

Уредот доаѓа во комбинација со 4GB RAM и 64GB простор за складирање на податоците, односно 6GB RAM и 128GB интерна меморија. Зголемувањето на капацитетот е можен со помош на „microSD“ картичка.

Системот на камери на задната страна имаат сензори од 12 и 13 мегапиксели, додека предната „селфи“ камера е од 20MP.

Android-9.0-Pie-Phones-Nokia-8-Sirocco

Според пишувањата на специјализираните медиуми, „Nokia 7.1 Plus“ би требало официјално да биде претставена на 4-ти октомври.


Skopje ID
[fbcomments]