Пристигнува новиот Call of Duty

После бројните шпекулации и најразлични гласини околу најновата игра од франшизата Call of Duty, синоќа и официјално беше најавен најновиот дел насловен Modern Warfare.

Како што беше познато, новото име на овогодинешната CoD го носи името Modern Warfare и претставува еден вид на “reboot” на можеби и најпопуларната подфраншиза на играта.

Оваа година голем акцент ќе биде ставен на приказната – играта ќе не стави во улога на “Tier One” единицата со која ќе проживееме „сага од која потскокнува срцето“, во една приказна која е „провокативна и сурова“ и фрла светло на модерните начини на војување.

Локациите на кои ќе се одвива дејствието се неколку европски градови и Блискиот исток, но „приказната не завршува тука“.

Засега јасно е дека Call of Duty со најновото продолжение на Modern Warfare, преку кампањата ќе се обиде да им го врати на гејмерите тоа што недостасуваше во изминатите години и поради што луѓето и најмногу ги сакаа видео игрите на CoD.

Исто така, потврдено е дека ќе има целосен „кросплеј“ на различни платформи, односно ќе биде можно гејмерите меѓусебно да се пресметуваат користејќи ги платформите на Windows, Xbox One и PC, а нема да има Season Pass.

Датумот кога новата Call of Duty Modern Warfare ќе биде пуштена во продажба е 25-ти октомври оваа година.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »