Природна домашна крема против стареење и брчки


Појавата на брчките е неминовна кај секоја жена, а дури ни најскапите креми не гарантираат комплетно совладување на ова козметичко несовршенство. Ако имате време и желба да подготвите домашна крема против брчки, тогаш би можеле да го искористите овој одличен рецепт.

AD107A6E-F122-42B1-A367-B5D1622D21E1

Оваа домашна крема ја хидрира кожата, ги намалува видливите брчки и го забавува процесот на стареење на кожата. Одговара на сите типови кожа. Резултати се видливи веќе за седум дена.

За подготовка на кремата потребно е

1 супена лажица бадемово или маслиново масло

1 жолчка од јајце

1 кафена лажица мед

2 кафени лажици аптекарски вазелин

Подготовка

Вазелинот растопете го на водена пареа, потребни ќе ви бидат неколку минути. Отстранете го садот од шпоретот и додадете ги останатите состојки – јајцето, медот и маслиновото масло. Убаво мешајте неколку минути додека добиете компактна смеса. Префрете ја смесата во празно кутивче (од веќе потрошена крема, пакување од 50 мл).

Нанесете од кремата на чисто лице, со кружни движења и нежно масирање. Оставете ја да делува половина час, па отстранете ја со памуче натопено во минерална (кисела) вода.

Останатиот дел од кремата чувајте го во фрижидер до следниот третман по неколку дена.


Skopje ID
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »