Приведен Стевче Јакимовски


По синоќешниот претрес во домовите на ексградоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски, тој е приведен. Тој останува во полициска станица сè додека не биде изведен пред судија на претходна постапка.

stevce-jakimovski-1

„Половина час пред полноќ Стевчо Јакимовски е лишен од слобода и во следните 24 часа мора да биде изведен пред судија на претходна постапка, во меѓувреме ќе биде во полициската станица. Основно сомневање е во делот на злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки. Очекуваме да бидеме повикани пред судија на претходна постапка, а до тогаш Јакимовски останува во притвор. Во делот на тоа какви докази има, тоа ќе видиме. Врз основа на сите разговори и докази со кои располагаме, сметаме дека нема никаков доказ. Јакимовски беше и остана еден од најдобрите градоначалници во историјата на Република Македонија“, изјави синоќа Виктор Цветковски, адвокат на Стевче Јакимовски, според кого се бара притвор за ексградоначалникот.

Претресот во домовите на Јакимовски траеше повеќе од 4 часа, а се вршеше по налог на финансиската полиција, која се сомнева дека ексградоначалникот направил злоутреби во однос на три тендери, од кои два за општинските бараки, а еден за плоштад во Жданец.

Јакимовски тврди дека овие обвинувања не можат да бидат насочени против него, бидејќи работите за кои го сомничат ги вршат општинските служби.

Денес судот треба да одлучи какви мерки на претпазливост ќе изрече за ексградоначалникот Стевче Јакимовски.


Skopje ID
[fbcomments]