Првиот електричен SUV на Ѕkodа пристигнува во 2020-та


Чешкиот производител „Ѕkoda“ најави лансирање на својот прв електричен автомобил во две различни каросерии во 2020-та година.

suvelek333

Првата електрична „Ѕkoda“ ќе биде модел заснован на концептот „Vision E“, а ќе биде базиран на новата платформа на „Volkswagen“ – „MEB“.

„Ѕkoda“ планира да понуди две верзии – практична и стилски ориентирана, а првата која ќе пристигне ќе биде со приближна големина како „Kodiaq“, со сите предности кои ги има електричниот погон.

Чешкиот производител следната година би можел да претстави два различни концепти, како вовед на серискиот модел кој ќе биде откриен во првата половина од 2020-та.

Тоа е стратегијата која ја применува и „VW“ со своето елетрично „I.D.“ семејство, каде дизајнерски фокусираниот модел му претходи на традиционалната верзија.

Исто така, од „Ѕkodа“ потврдија дека нивниот прв модел базирана на „MEB“ платформата ќе биде поголем од автомобилите кои ги најавуваат „VW“ и „SEAT“, a за кои се очекува да биде семеен хечбек со пет врати.


Skopje ID
[fbcomments]