Првата фотосесија за Marella со Каролина Гочева


Повеќе од 25 години групацијата на модни брендови Магнетик постои кај нас и ги претставува едни од најдобрите светски брендови: Weekend Max Mara, Marella, Max&Co, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Gerry Weber, Motivi, Oltre, Fiorella Rubino, Carpisa и Yamamay, a сега Магнетик ја започна 2018 година со ново заштитно лице – Каролина Гочевa.

03

Првата фотосесија е за италијанскиот бренд Marella од групацијата Max Mara. Marella постои како дел од групацијата Магнетик повеќе од 11 години.

Marella нуди парчиња за жена која го има изградено својот стил, која е динамична, позитивна и посебна. Гламурозен, современ женски бренд кој го отсликува италијанскиот стил во буквална смисла.

Оваа сезона, зад оваа соработка стои Јована Зука како фотограф. Очекуваме повеќе фотографии во текот на овој месец. Магнетик го најавуваат и првото модно видео за Marella, кое исто се очекува да излезе овој месец.


Skopje ID
[fbcomments]