Почина Барбара Буш, поранешната прва дама на САД


Барбара Буш почина на 92-годишна возраст. Сопругата на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш издиша за последен пат вчера во нивниот дом во Хјустон, Тексас.

01

 

Здравствената состојба на поранешната прва дама на САД веќе извесен период била влошена, наводно поради хронична опструктивна белодробна болест и конгестивна срцева слабост, но неодамна таа одбила какво било понатамошно лекување.

Буш

Барбара и Џорџ Буш беа во брак 73 години. Тие имаат пет деца, 14 внуци и седум правнуци. Парот имаше и ќерка Полин Робинсон (Робин), која почина на тригодишна возраст од леукемија.

„Една од причините поради кои ја донесов најважната одлука во мојот живот, да се омажам за Џорџ Буш, е затоа што тој ме смее. Вистина е, понекогаш се смеевме до солзи, но токму таа заедничка смеа беше она што не поврзуваше најмногу“ – изјавила Барбара во 1990 година.

Буш

Буш

Буш

Барбара беше и прва дама на САД и мајка на претседател на САД. Нивниот син Џорџ В. Буш беше избран за претседател во 2000 година и служеше два мандати како 43-ти претседател на САД.

Буш

Буш

Буш

Буш

Буш

Буш

Буш

Буш


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »