„Потрошивме 400 милиони евра на лето, и зошто, за да испаднеме повторно“


Титулата во Лигата на шампионите за ПСЖ и сезонава ќе остане само пуста желба откако Реал Мадрид му очита нова лекција, славејќи и синоќе во Париз со 1-2.

drak-696x486

Разочарувањето кај Французите беше големо, а по мечот интересна изјава даде Германецот Јулијан Дракслер.

„Летово потрошивме 400 милиони евра и сите тргнаа да зборува дека работите ќе се променат, но ние повторно не успеавме да поминеме понатаму. И понатаму сум уверен дека оваа екипа може да даде уште многу, но во вакви мечови се гледа дека и понатаму нешто ни недостига за освојување големи титули. Мора добро да размислиме за се“, изјави Дракслер.


Skopje ID
[fbcomments]