Посна чорба од тиквички: Освежувачка, а лесна за подготовка


Чорбата од тиквичка сигурно ќе ве освежи, а истата е многу лесна за подготовка.

fto5L-pmv-3529061-1024x682

Сè што ви е потребно е:

• 2 помали тиквички

• 2 моркови

• 2 компири

• една поголема главица црвен кромид

• 2 лажички сув зачин

• 1 лажичка мелена пиперка

• 1 лажичка брашно

• масло за пржење

Начин на припрема:

1. На масло и малку вода, издинстајте го ситно исецканиот кромид.

2. Морковите и компирите исецкајте ги на коцки, па додадете ги во кромидот. Ставете сув зачин и налејте со вода.

3. Излупете ги тиквичките и исецкајте ги на коцкички, а потоа додадете ги во зеленчукот кога тој ќе биде полусварен. Додадете ја и мелената пиперка и измешајте.

4. Гответе додека тиквичките не омекнат, а потоа додадете една лажичка брашно разматена со малку вода.

5. Налејте со врела вода во зависност од густината на чорбата која сакате да ја добиете, додадете уште некој зачин по желба и гответе уште 5 минути.

Добар апетит!


Skopje ID
[fbcomments]