Поранешниот дом на Бритни Спирс се продава за 8,95 милиони долари


Поранешната палата во Беверли Хилс на Бритни Спирс, неодамна повторно се појави на пазарот и тоа по пониска цена – 8,95 милиони долари.

britni-00
На имотот има површина од 700 квадратни метри и има шест спални и седум бањи. Куќата е светла и чиста одвнатре, со големо шеталиште кое води до предниот влез, преку кој се влегува во зачудувачки сала со висок таван со кристален лустер.

britni-01
Оттаму богатата вила во медитерански стил се отвора кон различни влезови, кои водат кон официјалната дневна соба со мермерен камин, формална трпезарија и пријатна фамилијарна соба.

britni-02
Дневната соба е на две нивоа, со двојни стаклени врати што водат кон дворот. Трпезаријата располага со прекрасен лустер во центарот, а отворената кујна има голем агол за појадок и е поврзан со семејната соба.

britni-03
Главната спална соба, која се наоѓа на вториот кат, располага со две бањи, камин и романтичен чардак.

britni-04
Другите погодности вклучуваат домашно кино, одделен сектор за персонал, и шармантен двор со забавни места: солен базен и спа, игралиште за деца, и многу зеленило и водени области.

britni-05

Куќата се наоѓа во затворен комплекс и нуди максимална приватност.


Skopje ID
[fbcomments]