Полицискиот автомобил на иднината: Ќе управува сам и автоматски ќе пишува казни


Форд ја претстави својата замисла за тоа како треба да изгледаат полициските автомобили на иднината кои што треба да бидат целосно автономни.

VGDH3-ford-policiski-avtomobil-na-idninata

Американскиот производител на автомобили Форд патентираше некои идеи во врска со иднината на полициските автомобили.

Доколку во иднина навистина се реализира овој концепт на Форд, тогаш можеме да очекуваме полициски автомобили кои што самостојно ќе се движат низ патиштата, но исто така со користење на вештачка интелигенција можностите на полициското возило драстично ќе се зголемат.

Како што замислуваат инжинерите на Форд, со користење на вештачката интелигенција, полицискиот автомобил на иднината ќе има способност да се „сокрие“ на одредени места од каде што ќе ги „демне“ останатите автомобили, а потоа автоматски ќе ги предупредува или ќе им пишува казни.

Ова полицскиот автомобил ќе може да го оствари преку „комуницирањето“ со останатите автомобили, односно преку бежична конекција полицискиот автомобил ќе ги предупредува останатите учесници во сообраќајот или пак ќе им пишува казни.

Секако, сето ова засега е само патент, а од Motor1 се прашуваат како напредната вештачка интелигенција би постапила во случај на потера, притоа држејќи се до законите и прописите во потерата по прекршителот кој што нема да ги почитува.


Skopje ID
[fbcomments]