ПОЗНАТИ СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ЧЕТИРИДНЕВНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД,OHRID CALLING 2019

Драги пријатели,

Со навистина огромно задоволство сакаме да Ви го најавиме досега најголемиот проект на Авалон Продукција во нашата 26 годишна работа во Република Македонија- фестивалот OHRID CALLING 2019.

После минатогодишното издание на OHRID CALLING кое со спектакуларните настапи на Dimitri Vegas & Like Mike и Armin van Buuren навистина направи од фестивалот бренд денес познат низ целиот свет, пред Вас е годинешниот line-up којшто го сочинуваат 16 светски артисти кои ќе настапат на досега кај нас невидено четиридневно доживување, на кое очекуваме минимум 20.000 посетители по ден, од цела Европа.

Поради тоа што сме секојдневно бомбардирани со прашања за информации околу овогодинешниот фестивал, во оваа најава покрај имињата на артистите ги објавуваме и цените на влезниците кои ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, 11-ти март во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА:
ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 2.990 денари (49 евра)
ФАН ПИТ- 3.990 денари (65 евра)
ВИП – 6.000 денари (100 евра)

EДИНЕЧНИ ЦЕНИ НА ВЛЕЗНИЦИ ПО ДЕН:
ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 1.200 денари (20 евра)
ФАН ПИТ- 1.990 денари (33 евра)
ВИП- 3.000 денари (49 евра)

Како што можете да забележите, се работи за навистина неверојатно прифатливи влезници за четиридневен фестивал, со ваков line-up.

Oдиме понатаму, сите заедно! Ние, Вие и Охрид!

Авалон Продукција


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »