Погледнете го најголемиот билборд во светот


Ford официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди за поставен најголем билборд во светот, откако го откри рекламниот постер за своето најново теренско возило Ford EcoSport на вкупна површина од 5.265 м2, што е еквивалентно на 20 тениски игралишта, а е поставен на исконската зграда „España“ во центарот на Мадрид, Шпанија.

28811055_10212894674056218_1588804791_o

По деталната проверка на инсталацијата, судијата на Гинисовите рекорди и официјално потврди дека се работи за најголемиот билборд во светот, кој го надмина претходниот рекорд во Дахран, Саудиска Арабија, за 241,93 м2.

„Титулата за ‘најголем билборд’ во Гинисовата книга на рекорди ја демонстрира креативноста која ја движи нашата компанија“, рече Елена Бургете, директор на Маркетинг во Ford, Шпанија.

28767786_10212894670576131_1202622135_o

„Порака на Ford е ‘Go Further’ (‘Оди подалекуи токму тоа се обидуваме да го постигнеме со кампањата за лансирањето на новиот EcoSport. Тоа е одличен начин да се пренесе пораката ‘Животот е пред тебе, а каде си ти?’ на колку што е можно поголем број луѓе, токму од срцето на Мадрид“, додаде таа.

 

Билбордот беше поставен до крајот на февруари, по што ќе биде дониран во центарот за вработување лица со посебни потреби на Фондацијата „Апаскови“, преку која ќе им се даде втор живот на сите употребени материјали.

Инаку, „дигитално“ билбордот тежи 68 GB, за негова изработка беа потребни 65 часови дизајнерска работа и беа употребени вкупно 50 фотографии, а за неговото печатење беа потрошени 30 литри мастило и вкупната тежина на платно од 2.000 килограми.

Дизајниран за градски живот, но и за отворен пат, стилскиот нов Ford EcoSport е веќе во продажба низ цела Европа и за прв пат се нуди како спортски EcoSport ST-Line модел инспириран од перформансите на Ford. Во моделот е достапен и интелигентен систем за придвижување на четирите тркала, вклучени можности за персонализација на екстериерот и ентериерот и техничка помош за возачот, вклучувајќи SYNC 3 поврзување и задна камера.

Инаку новиот  Ford EcoSport е достапен за нарачки во Ми-Да Гранд Моторс.



SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]