Погледнете во внатрешноста на новото Renault Clio

Renault во целост ја разоткри внатрешноста на новата, петта генерација на моделот Clio во пресрет на премиерата на овој автомобил.

На фотографиите кои францускиот произведувач ги објави еден ден пред светската премиера на новиот модел се гледаат сите детали од ентериерот на ова возило. 

Внатрешноста е значително унапредена во однос на актуелната генерација, како дизајнерски, така и технолошки.

Со оглед на тоа што фотографиите прикажуваат модел со богат пакет на опрема, имаме прилика да видиме што е најдобро од понудата на новото Clio. Најголемо внимание секако привлекува големиот, вертикално ориентиран екран со мултимедијален систем, кој изгледа како таблет и кој потполно доминира со централната конзола.

Произведувачот тврди дека е во прашање најголем екран во класата на автомобили на кои припаѓа ова Clio.

Наспроти тоа што поединечни произведувачи ги префрлаат речиси сите функции на екран чувствителен на допир, Renault ги задржал класичните команди на клима уредот, како и уште некои други “физички” копчиња, сместени непосредно под дисплејот.

Уште еден значаен новитет е и дигиталната инструмент табла чиј приказ може да се конфигурира по желба на возачот.

Renault се пофалил дека за обложување на внатрешноста на новото возило се користени поквалитетни материјал кои на поединечни делови од ентериерот се помеки на допир од претходните.

Францускиот произведувач најави дека во вторник, на 29-ти јануари ќе ги објави и првите фотографии од надворешноста на новото Clio, како и одредени технички детали.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »