Погба ја откри тајната на успехот на Солшер во Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солшер го прероди Манчестер јунајтед, откако пристигна на тренерското место во декември минатата година на местото на Жозе Мурињо.

Поради одличните резултати, Норвежанецот доби тригодишен договор, а еден од најдобрите фудбалери Пол Погба влезе во фантастична форма.

Французинот често имаше проблеми со Мурињо, а сега откри што се променило по пристигнувањето на Солшер.

„Минатиот период беше многу добар. Резултатите се многу добри. Имаме тренер кој има почит и многу среќа. Им ја врати самодовербата на фудбалерите. Ни дава слобода да играме фудбал. Првиот ден ни кажа да почнеме да уживаме во фудбалот. Кога не уживате, нема смисла да играте. Кога ќе престанете да го сакате тоа што го правите, тогаш нема никаква цел“, вели Погба.

Солшер од 11 бодови негатива зад топ-4 позициите во Премиерлигата стигна до само два, а под негово водство „ѓаволите“ го елиминираа и ПСЖ во Лигата на шампиони.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »