Иако се официјализираше стартот на грејната сезона, сепак дел од жителите на главниот град деновиве сведочеа на појавата од густи облаци, чад и непријатна миризба предизвикана од палење на гуми, шут и разен отпад – најмногу во населбите Аеродром, Лисиче и реонот на Гази Баба. Загадување речиси и да немаше во општините со погуст сообраќај како Центар и Карпош, што доволно зборува за фактот дека и оваа зима проблем ќе биде создавањето на диви депонии отколку издувните гасови на превозните средства.

Граѓаните децидни, борбата со ПМ10 честичките и оваа зима ќе биде макотрпна – и согласни дека одговорност мора да има и кај локалната власт и кај секој жител.

Кога мерките на властите не се доволни, единствено останува надежта за поволни временски услови. Нè очекува северен бран кој уште повеќе ќе ги смали температурите и ќе донесе ветер, велат од УХМР.

Инспекторатот на Град Скопје изминативе денови откри неколку локации каде што се палеа гуми и пластичен отпад, што директно влијаеше на загадувањето, пред се, во околината на Вардариште.