Повеќе скопски села и населби утре без струја

Без електрична енергија утре од 8.30 до 9.30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Тодор Александров”, на потегот од Турската амбасада до улицата „Славејко Арсов”.

Во периодот од 8.30 до 15.30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „31″, „Мирче Мацан” и „Мирче Ацев”, објектите зад отворениот паркинг кај поранешен „Дрво декор”.

Од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат дел од жителите од селото Кучевиште, корисниците од улицата „Серава” бр.69А и корисниците од улиците „Његошева” од бр.2 до бр.20 – парни броеви, „Московска” бр.2, 4 и 6, „Софиска” од бр.2 до бр.16 – парни броеви и „Његошева” од бр.3 до бр.11 – непарни броеви.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од улиците „1″, „2″, „3″, „4″, „5″, „6″ и „7″ во селото Батинци, а од 10:30 до 12:30 часот корисниците од улицата „Апостол Гусларот” бр.40.

Во периодот од 11:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Димитар Мирасчиев” од бр.21 до бр.27, а од 13 до 15.30 часот дел од корисниците од улиците „Маџари” и „Палмиро Тољати”.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »