Плус четири против Бахреин по првото полувреме

Македонската ракометна репрезентација води со 12:8 по првото полувреме против Бахреин иако имаше црн период од 11 минути во кои не постигнавме гол.

Македонија имаше одличен старт на натпреварот, поведе со 6-2 но потоа следуваше црн период, дури 11 минути не постигнавме гол, а Бахреин со серија од 5-0 дојде до водство од 7-6. Во продолжението беше изедначено, но во финишот имавме серија од 5-0 и на полувремето заминавме со предност од 12:8. Кире Лазаров со пет погодоци беше најефикасен во првиот дел, Кузмановски и Манасков постигнаа по три. Борко Ристовски имаше шест интервенции.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »