Телевизијата Си-Би-Ес објави дека Патрик Стјуарт ќе се снима во нов серијал „Ѕвездени патеки“, откако повторно ќе ја исполни улогата на капетан Жан-Лук Пикард од “„Ѕвездени патеки: Следната генерација“.
Новиот серијал нема да е римејк на „Ѕвездени патеки: Следната генерација“, туку ќе го претстави следното поглавје од книгата за животот на Пикард, пренесоа агенциите. Не се знае како ќе биде насловен новиот серијал, ниту кога ќе биде емитуван.
Патрик Стјуарт учествуваше во седум сезони на „Ѕвездени патеки: Следната генерација“ и го одигра ликот на Пикард во филмовите „Ѕвездени патеки: Вселенски генерации“ (1994), „Ѕвездени патеки: Првиот контакт“ (1996), „Ѕвездени патеки: Бунтот“ (1998), „Ѕвездени патеки: Одмазда“ (2002).