Иако во светската кујна се користи веќе со децении, руколата во последните неколку години стана вистински хит во домашната исхрана.
Станува збор за медитеранска зелена билка од фамилијата на брокулата, зелката и кељот. Има благо-горчлив вкус и за разлика од дивата, култивираната рукола е покрупна и не горчи. Таа е богата со витамин Ц, каротен, витамини од Б-групата, пектин, калциум, фосфор, железо, магнезиум, калиум и бакар.
Се состои главно од вода и содржи големо количество на јаглехидрати и протеини. Руколата содржи активни состојки кои имаат антиканцерогени својства, позитивно влијаaт на здравјето и го намалуваат ризикот од многу болести.
Оваа билка има бројни лековити својства. Експертите истакнуваат дека руколата го чува срцето, го намалува ризикот од многу болести и содржи материи кои имаат антиканцерогени својства.
Таа се смета за природен антибиотик, го регулира варењето, се користи за лекување на чир, остеопороза, хронична констипација, настинка и кашлица. Освен тоа, руколата ја чисти крвта, ги ублажува болестите на црниот дроб и го намалува ризикот од рак на дојка.
Како да ја користите руколата во кујна?
Руколата е присутна на пазарите од мај до октомври, а нејзината темнозелена боја на листовите укажува на тоа дека е свежо набрана. Најдобро е да се искористи веднаш по купувањето бидејќи брзо ги губи хранливите состојки, посебно витаминот Ц.
Потребни состојки: една помала главица зелена салата, 100 грама рукола, една лажичка балсамико оцет, две лажички ладно цедено маслиново масло, морска сол и 50 грама изрендан пармезан.
Припрема: Исецкајте ја зелената салата и руколата, посолете, ставете го маслиновото масло и оцетот и измешајте. На крај додадете го пармезанот.