ОГЛАС ЗА РАБОТА: ОФИЦИЈАЛЕН ВЛОГЕР НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ


Поради големиот интерес за барање дополнително време за испраќање на видео биографија, Скопје Сити Мол го продолжува рокот за аплицирање на огласот за официјален влогер. Сите заинтересирани што се пронајдоа во огласот за работа: официјален влогер на Сити Мол треба да снимат и да upload-ираат свое видео CV и истото да го стават на фејсбук страницата на Сити Мол со хаштаг #citymallvlogger најдоцна до 08. март. Со таа цел, ги известуваме сите заинтересирани од 13 до 27 години, кои не успеале да стигнат да направат или испратат свое видео CV, дека Скопје Сити Мол го продолжува рокот со цел да им излезе во пресрет и да добијат шанса да покажат зошто сакаат да ја работат работата од соништата.

 SCM Vlogger KV_2 rok

Понатаму при селекцијата следат вкрстени критериуми: број на лајкови, но и жири комисија кои ќе ги селектираат најдобрите 20 потенцијални влогери.

Идниот влогер ќе ги има следните бенифиции:

  • Работен простор во модерно опкружување со софистицирана опрема;
  • Вклученост при носењето на одлуки за кампањите на Скопје Сити Мол;
  • Месечен хонорар;
  • Покана за сите премиери на кино проекции;
  • Ваучери за шопинг во локалите низ Скопје Сити Мол;
  • Ваучери за содржини за забава (куглање, аркадни игри, билијард, ласер таг …)
  • Билети за најдобрите настани во регионот (концерти, фестивали и сл.)
  • Професионален тим (стилист, сопствен ПР тим)
  • Личен возач

 

Повеќе информации на: http://skopjecitymall.mk/vlogger/


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]