НОВ ПРОТЕСТ ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ

Поминаа повеќе влади, но не успеавме да направиме мобилизирање на членството и народот, иако се соочуваме со најголемиот проблем, загадувањето на воздухот кој одзема жртви.

Ова го истакнаа од иницијативата „Канцерогено општество“ на третиот протест пред Собранието од каде што во многу мал број, уште еднаш им порачаа на властите да преземат конкретни мерки за почист воздух.

Посочија дека главен загадувач во државата е индустријата и побараа сите жешки еколошки точки, како што се Охис, Јагуновце, РЕК Битола и Дрисла да ги решат за една година

„Ние 90 посто од енергијата ја добиваме од РЕК Битола. На највалканиот можен начин, со најниско калоричниот можен јаглен, богат со нечистотии, кои не ги мериме“ – вели Тони Никушевски, еко- активист.

„Дрисла-Чернобил“, за колку пари го продадовте нашето здравје“ – беа дел од пораките кои ги испратија од пред Собранието активистите и повикаа на зголемување на еколошката свест на граѓаните и поголема масовност на нивните протести.

И граѓаните кои во многу мал број присуствуваа на протестот, потврдуваат дека се почесто имаат здравствени проблеми кои сметаат дека се директна последица од токсичниот воздух.

Од иницијативата обвинија дека парите кои се издвојуваат за животна средина, се трошат ненаменски и дека одат за покривање на непродуктивни цели.

И побараа итна владина седница и влучување на експертски тим кој може да помогне во решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »